Регион

Милановиќ: Не може целиот српски народ да биде обвинет за геноцидот

Се случи геноцидот во Сребреница, повеќе не треба да се докажува, светот знае кој го извршил геноцидот во Сребреница, а заради иднината, но и заради сегашноста, важно е да се каже и прифати дека целиот српски народ не е и не може да биде виновен за геноцидот, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во видео порака по повод 25-годишнината од злосторствата во Сребреница.

Милановиќ во видео пораката изјави дека е важно да се каже дека сите виновници, вистинските виновници, најголемите виновници, не се казнети до денес, јавуваат хрватските медиуми.

– Одговорност е на сите нас да ја прифатиме вистината и жртвите да почиваат во мир, истакна Милановиќ, додавајќи дека е уште поголема одговорност за нас да ги прифатиме семејствата на жртвите и преживеаните како еднакви и да веруваме во постоењето на човечки и европски вредности.

„Да не ги оставиме во заробеништво на минатото. Жртвата на Сребреница мора да биде една од клучните и добро научени лекции на европската хуманост, кредибилитет и искреност“, заклучи Милановиќ.

Поврзани вести

Црна Гора ги отвора аеродромите

Падна владата на Романија

Никола Поповски

Ал Џазира: Атина и Анкара на раб на вооружен судир

Влатко Зорба

Грчкиот Парламент изгласа новиот закон за процедурите за доделување азил

Влатко Зорба

Ердоган планира да постигне договор со Велија Британија, Франција и со Германија за средства за враќање на сириските бегалци

Влатко Зорба

Трифуновиќ: Вучиќ е кукавица, затоа ја повлече одлуката

Влатко Зорба