Регион

Мицотакис за односите со Турција: Ќе дадеме шанса на дипломатијата

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, коментирајќи ги тензиите со Турција на истокот на Средоземното Море, повика на „дипломатијата да и се даде шанса“.

Во своето обраќање на 75-та сесија на Генералното собрание на ОН, Мицотакис во видео порака рече дека минатата година, во обраќањето пред Генералното собрание на ОН, му подаде рака на пријателството и соработката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој додаде дека и покрај тоа, тензиите во регионот ескалираа.

„Секој знае дека тензиите не можат постојано да растат. Не сакам да верувам дека не е можно партнерство меѓу блиски соседи“, рече грчкиот премиер.

Тој истакна дека договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и ОАЕ е доказ дека сомнежите и непријателствата можат да бидат заменети со соработка и меѓусебно разбирање.

„Затоа, дозволете ни да се состанеме, да разговараме и да бараме заемно прифатливо решение. Дозволете ни да дадеме можност на дипломатијата. Ако не можеме да се согласиме, тогаш мора да му веруваме на Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, рече Мицотакис.

Тој додаде дека одлуката за започнување на технички разговори меѓу двете страни, донесена пред два дена, е чекор во вистинската насока.

„Ако претседателот Ердоган верува дека ОН е навистина светилник на надежта и платформа за глобална соработка, го повикувам да дејствува во согласност со тие вредности“, рече Мицотакис.

Наскоро во Истанбул треба да се одржи нова рунда технички разговори меѓу Грција и Турција.

Поврзани вести

Висок функционер од Република Српска: Ѓукановиќ му се јави на Додик и му се закани

Никола Поповски

Полицаец си го заборавил службениот пиштол во кафуле во Атина

Влатко Зорба

Хоти: Во Белата куќа со Србија како независна земја

Влатко Зорба

За време на полициски час печеле јагне на жар, полицијата во БИХ ги уапсила

Грција денеска повторно парализирана од штрајкови

Влатко Зорба

„Бура“ е најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна, вели Вучиќ

Влатко Зорба