Регион

На штрајкот на просветните работници во Хрватска, им се придружуваат и вработените на факултетите

На протестот на вработените во основните и средните училишта во Хрватска, што трае веќе три недели, денеска ќе добијат поддршка и од вработените на факултетите.
Во првата фаза, штрајкот на факултетите ќе трае само еден ден.

Вработените во основните и средните училишта вчера ја одбележаа третата недела од штрајкот со протест во Загреб. Тие истакнаа дека им е доста од празни ветувања од страна на Владата и дека ќе го продолжат штрајкот се додека не се реши проблемот со коефициентите за сложеност на работата на просветните работници.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно вети зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за нешто повеќе од шест отсто во три наврати од по два отсто, но тие не прифаќаат се додека не се решат коефициентите за сложеност на работата.

Поврзани вести

Силен земјотрес ја погоди Грција, епицентарот на Крит

Косовски медиуми: Приштина од денес би можела да се соочи со санкции од САД поради таксите кон Србија

Судири со грчката полиција заради изградба на центар за мигранти! (ВИДЕО)

Курти смета дека „малиот Шенген“ е обид на Србија да се формира „четврта Југославија“

Maja_Serafimova

Како ќе изгледаат плажите во Хрватска ова лето: Секој со свои 6,5 квадратни метри и дезинфекција на лежалките

ЦРН РЕКОРД ВО СРБИЈА: Регистрирани 3.822 случаи на Ковид 19

Берта Китинска