Регион

Најригорозни мерки против коронавирусот има Хрватска

Универзитетот Oxford објави регистар на државни мерки во борба против коронавирусот, според кој држава која спроведува најригорозни мерки е Хрватска.
Зад неа се Србија, Сирија, Катар и Боливија, пишува Jutarnji.hr.

Од друга страна, на дното на списокот се Барбадос, Никарагва, Израел, Шведска и Нов Зеланд.

Истражувачите ги разгледуваат основните критериуми како што се затворање на училишта, забрани за патувања, забрани за јавни собири и потоа ги споредуваат тие мерки со тековниот број заразени лица, со што се добиваат индекс на ригорозност во спроведените мерки. Целта на регистарот, според истражувачите, е да обезбеди транспарентен увид во мерките преземени од светските влади за борба против коронавирусите, а објавените податоци ќе се ажурираат што е можно почесто.

Сепак, треба да се земе предвид дека мерачот нема податоци за некои земји, а меѓу нив е и Македонија.

Поврзани вести

Тачи на Твитер: Јамајка ја призна независноста на Република Косово

Три лица исчезнале при судир на танкер и рибарски чамец во Турција

Деведесет и двегодишна жена, втора жртва од коронавирусот во србија

Во ноември околу 3.000 мигранти се обиделе илегално да влезат во ЕУ

Косово: Усогласен договорот за заедничка Влада

user4

Околу 250.000 луѓе бегаат од северозападниот сириски регион Идлиб кон Турција, изјави Ердоган

Maja_Serafimova