Регион

Нови мерки во Грција, Солун во црвена зона

Солун, вториот по големина град во Грција, денес влезе во „црвената“ зона, изјави премиерот Кирјакос Мицотакис, кој во петок треба да објави „вонредни“ мерки, кои ќе бидат на сила наредниот месец поради вториот бран на коронавирусот.

Покрај Солун, кој има скоро милион жители, во „црвената зона“ спаѓаат и градот Лариса и регионот Родопа, во североисточна Грција, рече премиерот на владината седница пренесена од медиумите.

„Од денес, вонредните одлуки мора да се применат во црвените зони, во Солун, Лариса и во регионот на Родопа, што значи запирање на функционирањето на мнозинството, но не и на малопродажбата и работата на училиштата“, истакна грчкиот премиер.

Мицотакис посочи дека земјата се соочува со „втор бран кој е посилен отколку во пролетта“ и дека „здравствениот систем е под притисок, поголем од кога било“.

Иако исклучи општ карантин како што беа шесте недели во текот на пролетта, Мицотакис навести дека „утре ќе објави едномесечен план за акција… за да го спречи најлошото“.

Од почетокот на неделата, дневниот број на заразени во Грција е двојно зголемен, од 790 во неделата на 1.547 во среда.

Соочена со нов бран на епидемијата, Грција воведе полициски час меѓу 22:30 и 3 часот по полноќ пред една недела, што ќе важи две недели, во Атина и Солун.

Поврзани вести

Вучиќ и Тачи на состанок кај Макрон

Лекар од Нови Сад си ги застрелал родителите во викендичка: Мештаните го паметат како херој

Затворени плажи во Корчула поради бактерии во валканото море

Влатко Зорба

Изгласана новата косовска Влада на чело со Албин Курти

Никола Поповски

Две месечно бебе во Хрватска заразено со коронавирус

Влатко Зорба

ЗДФ: Од европското ѓубре страдаат децата во Бугарија