Регион

Нови мерки во Црна Гора: Вечерва полициски час во три града

Во Никшиќ, Беране и Андријевица во Црна Гора од вечерва се воведува полициски час.

Забраната за напуштање на станбени објекти во трите црногорски градови ќе биде на сила од 22.00 до 5.00 часот наутро. Забрането е работење и со угостителски објекти и домашни посети.

Во Рожаје се воведува забрана за работа со угостителски објекти и собирање во објекти за домување на лица кои не се членови на заедничко семејно домаќинство.

Угостителските објекти во Котор, Будва и Подгорица од денес можат да работат до 22 часот, максимум две лица можат да седат на масата, а растојанието помеѓу столовите мора да биде еден метар.

Станува збор за нови мерки на Националното координативно тело со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Поврзани вести

Словенија: Прогласена епидемија на територијата на целата земја

Никола Поповски

Здравствените власти во Словенија го потврдија и третиот случај на лице заразено со новиот коронавирус

Грција објави податоци за увезените случаи од Балканот

Stefanija Kuzmanovska

Во Хрватска 65 новозаразени, тројца починаа од Ковид-19

Влатко Зорба

Шведски публицист ги номинира владите на Србија и Косово за Нобелова награда

Александар Петровски

Абазовиќ: Немаме време за губење, се надевам на скоро формирање на влада за доброто на граѓаните

Влатко Зорба