Регион

Осакатени демонстранти во Центарот за итни случаи во Белград (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

За време на граѓанскиот протест во центарот на Белград и судирите меѓу демонстрантите и полицијата и жандармеријата, екипите на Брзата помош и лекарите од Ургентниот центар имале преполни раце, а социјалните мрежи беа преплавени со застрашувачки фотографии кои покажуваат тешки повреди кои многумина ги претрпеле.

Труење со солзавец, повреди предизвикани од брутално тепање со палки, шутирање, но и трчање во стампедо, се само некои од причините зошто демонстрантите синоќа побарале лекарска помош.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии кои јасно докажуваат дека членовите на српското МВР не биле воздржани, како што вчера тврдеше директорот на полицијата, Владимир Ребиќ.

Од Брзата помош за Нова рс изјавуваат дека на демонстрациите во Белград се повредени 36 лица.

Оттаму додаваат дека за време на синоќешниот протест во Белград, повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти.

Поврзани вести

Гукановиќ: Западен Балкан мора да се соочи со сите предизвици од минатото

Влатко Зорба

Сергеј Трифуновиќ нападнат додека собирал потписи за изборите во Србија

Почна судењето во Хрватска на жена осомничена за најголемиот пожар во годината

Maja_Serafimova

Силен земјотрес во близина на Крит

Влатко Зорба

Харадинај во Драч: Важно е дека сите на Косово се заедно со сите погодени од земјотресот

Влатко Зорба

Девет починати и 411 заразени лица во последните 24 часа во Србија