Регион

Пленковиќ: Дејтонскиот договор треба да се ревидира

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Хрватска смета дека Дејтонскиот договор треба да се ревидира и во говорот преку Интернет на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации рече дека Западен Балкан се променил на подобро, но дека некои проблеми остануваат и заслужуваат целосно внимание.

Пленковиќ повика на целосна еднаквост на Хрватите како конститутивен народ во Босна и Херцеговина и носење на соодветен изборен закон, кој ќе спречи изборен инженеринг.

Тој оцени дека искреното помирување е клучно за стабилноста на регионот и дека може да се гради само врз вистината и да се заснова на факти, заедно со наоѓање на исчезнатите и правда за сите жртви.

За време на обраќањето, Пленковиќ повика и на реформи во ОН, нагласувајќи дека кризите од оваа година покажале дека мултилатерализмот е попотребен од кога било.

Тој рече дека кризите, како што е пандемијата на коронавирусот, не смеат да доведат до „изолационизам во меѓународната заедница“, туку поттикнуваат подготвеност за соработка „во вистински дух на солидарност и взаемна поддршка“ и дека ниту една организација не е во подобра позиција да го стори тоа од Обединетите нација, пренесува РСЕ.

Поврзани вести

„Та неа“: Грција со конкретни предлози до ЕУ за враќање на мигрантите

Maja_Serafimova

Од први јуни ќе бидат отворени границите меѓу Србија, Бугарија и Грција

Дачиќ предложил поделба, Приштина го одбила предлогот

Maja_Serafimova

Српски пулмолог: Вирусот е вештачки, вакцината на Бил Гејтс е лоша

Уапсени три лица во Грција, од кои две осудени за учество во анархистичко-терористички организации

Берта Китинска

Дачиќ: Кој оди на протести, ќе биде исклучен од партијата

Влатко Зорба