Регион

Пленковиќ: Проширувањето на ЕУ повторно е ставено на дневен ред

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пред неформалната вечера за лидерите на Западен Балкан, истакна дека прашањето за проширување и поддршка на Европска Унија за земјите од регионот повторно е ставено на дневен ред.

Тој одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се разгледуваат теми како што е ситуацијата во Црна Гора, во Косово и во Босна и Херцеговина, истакна дека тоа е пријателска вечера и оти е најважно да се дојде до договор за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, но оти и другите теми се добредојдени.

Хрватскиот претседател додаде дека вечерашниот состанок во Брисел е заедничка подготовка за Самитот на ЕУ во Загреб, што ќе се одржи на 6 и 7 мај.

– Атмосферата е поинаква во однос на октомври минатата година и се движи кон донесување позитивни одлуки за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, што треба да биде направено пред мај. Така атмосферата ќе биде попозитивна и земјите ќе добијат од Европската комисија пакет за инвестиции и нивно подобро позиционирање, што ќе придонесе за економскиот развој на земјите во регионот, посочи Пленковиќ.

Тој истакна дека вечерва нема да има билатерални средби.

Поврзани вести

Невработеноста во Хрватска се зголемува

Влатко Зорба

Јоксимовиќ: Србија е длабоко во процесот на преговарање, ваквите идеи предизвикуваат недоверба кон ЕУ како партнер

user4

Казни за одговорните за денешниот непријатен собир, соопшти црногорското МВР

Maja_Serafimova

Борисов ќе побара од Парламентот да прогласи вонредна состојба поради ширењето на новиот коронавирус

Никола Којо: Заминувам од Србија, бедници сме кои живеат по правилата на политичарите

user4

Црногорското Министерство за надворешни работи го зголеми степенот на заштита на своите амбасади во Белград и Љубљана

Maja_Serafimova