Регион

Помпео: Независноста на Косово е клучна за стабилноста на регионот

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека суверенитетот и независноста на Косово остануваат клучни за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.

„По последните парламентарни избори и формирањето на владата, Косово има нова можност да го постигне својот целосен потенцијал и за нејзините граѓани и за соседните земји“, соопштија од Стејт департментот.

Во честитката за независноста на Косово, Помпео го истакна силното партнерство меѓу двете земји.

„Соединетите држави го поддржуваат Косово на нејзиниот пат кон интеграција во трансатлантските институции и ќе продолжат да работат на зајакнување на владеењето на правото, елиминирање на корупцијата и промовирање на економски просперитет за сите косовски граѓани“, рече Помпео во честитката за Денот на независноста на Косово.

Тој посочува дека „Соединетите држави се охрабрени од неодамнешните настани кои сигнализираат чекор кон засилување на инвестициите, туризмот и трговијата и меѓучовечките односи со Србија, поставувајќи ги темелите за понатамошен напредок кон целокупната нормализација во блиска иднина“.

Декларацијата за независност беше усвоена од косовскиот парламент на 17 февруари 2008 година.

Поврзани вести

Дачиќ: Ако Црногорците се вратат во Црна Гора, нема да имаат кој да раководи во Србија

Никола Поповски

Сплит: Украдени алкохолни пијалоци во вредност од 40 000 евра

Никола Поповски

Германски Шпигел: Курти и Османи ќе донесат владеење на правото во Косово

Никола Поповски

Ѓуриќ: Без оглед на документите, Србите да пробаат да гласаат во Косово

Влатко Зорба

Тачи: Косово уште еднаш покажа висока политичка и демократска зрелост

Влатко Зорба

Во Црна Гора стапува на сила законот за неработни недели

user4