Регион

Помпео во Солун вети помош од САД во спорот меѓу Грција и Турција

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави денеска во Солун дека САД ќе го користат дипломатското и военото влијание во регионот за да се обидат да го ублажат спорот меѓу сојузниците на НАТО, Грција и Турција, околу правото да истражуваат за наоѓалишта на енергија во источен Медитеран, пренесе „Н1“.

Помпео денеска во Солун ја започна петдневната турнеја низ регионот, неколку дена откако Грција и Турција ветија дека ќе го започнат дипломатскиот дијалог во врска со спорот, што летово предизвика опасно насобирање на војска и стравувања од воен конфликт во спорната поморска област.

„САД и Грција делат ставови за источниот Медитеран и го потврдија уверувањето дека нивните спорови за поморските граници треба да се решат на мирен начин“, се вели во заедничкото американско-грчко соопштение по средбата на Помпео со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.

Како што понатаму се наведува, двете земји се залагаат за зајакнување на блиската соработка како земји на НАТО, со користење на соодветни средства што им се на располагање со цел да се зачуваат стабилноста и безбедноста во поширокиот регион.

Односите меѓу Грција и Турција нагло се влошија оваа година во граничниот спор за правата на истражување на истокот на Медитеранот.

Турција испрати истражувачки брод, придружуван од воени бродови, за да бара енергетски ресурси во областа што Грција ја смета за своја и каде што тврди дека има ексклузивни економски права. И Атина испрати воени бродови во областа.

ЕУ ќе разговара за можните санкции против Турција за нејзините активности подоцна оваа недела.

Во оквирот на тензиите со Турција, Грција најави големи набавки на оружје, вклучувајќи борбени авиони од Франција, како и воени бродови, хеликоптери и системи на оружје.

Поврзани вести

Косово: За време на епидемијата уапсени 1.000 лица

Влатко Зорба

Границите со Грција остануваат затворени до 30 септември

Влатко Зорба

Д-р Кон: Коронавирусот ги проби бариерите во Србија, невозможно е да се следат сите контакти

Нови 170 заразени од 8670 тестирани лица во Србија

Никола Поповски

Србија: Пилотите херои останале во авионот за да не се урне врз куќите

Stefanija Kuzmanovska

Турската полиција уапси пет странци кои планирале напад за новогодишната ноќ во Анкара