Регион

Поради коронавирусот, во Србија се затвораат сите џамии

Мешихатот на Исламската заедница во Србија денеска одлучи да ги затвори сите џамии заради влошување на епидемиолошката состојба и зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во Србија, особено во областа на Санџак.

Одлуката е донесена со цел да се спречи и шири инфекцијата преку џамиите, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Исламската заедница во Србија, кое го потпиша претседателот на Мешихатот, муфтијата Мевлуд еф. Дудиќ

Како што е наведено, сè додека не се подобри епидемиолошката состојба, молитвите ќе ги извршуваат само имами и муезини, а се препорачува сите џенази да започнат од семејни куќи, како и верниците да се поклонуваат во согласност со можностите, пред џамиите или локалните гробишта, во присуство само на најтесното семејствп.

Поврзани вести

Будва: Борба за секој гостин по невидени ниски цени

Влатко Зорба

Курти: Договорите постигнати под притисок не се добри

Влатко Зорба

Лукач: Најголема безбедносна закана на Република Српска се повратниците од странските боишта

Седум хотели од 190 милиони евра ќе се градат во Црна Гора

Влатко Зорба

Нови три смртни случаи од Ковид-19 во Србија

Курти со писмо го известил Трамп за неговата намера да ги укине таксите