Регион

Повеќе од 240 мигранти на островот Лезбос заразени со коронавирус

Повеќе од 240 мигранти кои се наоѓаат во привремениот камп на грчкиот остров Лезбос по пожарот во логорот Морија, се заразени со коронавирус, соопшти денеска јавната здравствена агенција Еоди.

„Регистрирани се 243 нови заразени“ од 7.000 тестирани лица, се наведува во соопштението.

Според истиот извор, тестовите на 120 полицајци и 40 вработени на лице место биле негативни.

Новиот камп, кој нема основни здравствени услови, прими најголем дел од 12.700 мигранти кои останаа без покрив над главата по пожарот во логорот Морија.

После пожарот, овие луѓе останаа покрај патот неколку дена, во напуштени згради, на полиња, па дури и на гробишта.

Шест авганистански мигранти се обвинети за подметнување на пожарот. Во меѓувреме, тројца малолетни мигранти беа уапсени откако во неделата избувна пожар во камп на островот Самос.

Грчкиот министер за миграција Нотис Митараши денеска во парламентот изјави дека одговорните „ќе ги отслужат своите казни во Грција и потоа ќе бидат протерани“.

Тој исто така вети нов „модерен и безбеден“ камп на Лезбос.

Поврзани вести

Столтенберг: Има недоразбирања меѓу Грција и Турција и јас ги поздравувам билатералните контакти за нивно решавање

Стефан (28) ја победи короната и има порака за сите

Во Бугарија во сила е предизборен молк

user3

Судири со грчката полиција заради изградба на центар за мигранти! (ВИДЕО)

Повредени 43 полицајци и 17 цивили во протестите во Белград, запалени и полициски коли (ВИДЕО)

Александар Петровски

Вучиќ целосно го затвора Белград поради коронавирусот?

Влатко Зорба