Регион

Претседателот на Бугарија во самоизолација

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе биде во самоизолација додека ги чека резултатите од тестот за коронавирусот, бидејќи на крајот на минатата недела бил во контакт со висок воен службеник, кој подоцна доби позитивен тест за „Ковид-19“, објави денеска бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов.

Радев ја скрати посетата на Естонија, каде отпатува во понеделникот, и вечерва се врати во Софија, каде на аеродромот им покажа на новинарите негативен резултат од тестот за коронавирусот, кој му беше извршен за време на патувањето.

Сепак, министерот Ангелов вели дека Радев мора да оди во самоизолација како претпазливост, бидејќи во петокот бил во контакт со командантот на бугарските воздухопловни сили.

Ројтерс наведува дека не е јасно кога Радев повторно ќе биде тестиран за вирусот или колку долго ќе треба да биде во карантин, но дека претседателот рече дека нема никакви симптоми.

„Од почетокот на кризата, јас бев во постојан контакт со илјадници луѓе низ целата земја, но строго се придржувам до сите здравствени мерки и немав никакви проблеми, ниту ги имам сега. Јас сум во совршена физичка состојба, без никакви симптоми – рече пак Радев.

Поврзани вести

Додик: Постои консензус за патот кон ЕУ, но нема потреба да се разговара за патот кон НАТО

Maja_Serafimova

Вучиќ: Целта на нападите сум јас и Србија, а не српската црква и Амфилохие

Никола Поповски

Мицотакис: Земјите членки на ЕУ не одговорија на барањето да преземат 3.000 малолетни мигранти

Морничави смртни закани кон Вучиќ: „Треба да се исецка на коцки и шницли“ (фото)

Никола Поповски

Советот на ЕУ денес ќе разговара за реформите за проширување

Влатко Зорба

Кон: Имаме тешки случаи и кај децата

Stefanija Kuzmanovska