Регион

Приштина: Денеска почнува процес пред суд за убиството на Ивановиќ

– Пред Специјалниот суд во Приштина денеска би требало да се одржи подготвителна расправа за обвинетите за вмешаност во убиството на лидерот на граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ на 16 јануари 2018 година во Косовска Митровица.

Подготвителното рочиште ќе биде затворено за јавноста и обвинетите накратко ќе се изјаснат за обвиненијата, ќе расправаат за доказите презентирани за време на судењето и одлуката на судот по барање на обвинителот да им одреди домашен притвор за тројцата обвинети кои сега ги бранат на слобода.

Косовското специјално обвинителство на 2 декември поднесе обвинение против шест лица – Недеjко Спасојевиќ, Марко Рошиќ, Драгиша Марковиќ, Жарко Јовановиќ, Радет Басара и Силвана Арсовиќ, осомничени за вмешаност во убиството на Ивановиќ.

Спасојевиќ и Росиќ се наоѓаат во притвор од нивното апсење во ноември минатата година, Басара од октомври годинава, додека другите се бранат од слобода.

Ивановиќ, беше убиен на 16 јануари 2018 година, пред неговиот партиски штаб во Косовска Митровица.

Поврзани вести

Ужас: Полицаец шутира во глава аутистично момче на протестите во Србија (ВИДЕО)

Захарова му се извини на Вучиќ, погрешно била протолкувана

Влатко Зорба

Инциденти на грчко – турската граница меѓу мигрантите и полицијата

Синот на Трамп објави фотографија на која КОСОВО Е ДЕЛ ОД СРБИЈА! (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

ЕУ им должи на балканските земји да им даде шанса да се приклучат кон Унијата

Курти не сака средба со Тачи: Ја одби и втората покана

Никола Поповски