Регион

Притисок врз Курти да ги укине таксите доаѓа и од Брисел

Два дена останаа до 15 март, датумот што го постави премиерот на привремени институции во Приштина, Албин Курти, да почеток на постепено укинување на таксите на српски и стоки од Босна и Херцеговина. Одлуката за укинување на таксите треба да ја усвои косовската влада, објави „РТС“.

Денес, утре или задутре владата има можност да заседава и одлучи за таксите, ако имаат намера да се придржуваат до најавите на нејзиниот претседател дека пд 15-ти ќе започне укинувањето на таксите. Во спротивно, дури од следната недела.

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, вчера побара од Албин Курти целосно укинување на таксите, за да се продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Притисок, значи, доаѓа и од Брисел, не само од Вашингтон, така што Курти е во ситуација кога има малку простор да ги избегне обврските кои се однесуваат на укинувањето на данокот на српската стока.

Поврзани вести

Над 50 илјади бегалци и мигранти пристигнале во Грција од почетокот на годинава

Maja_Serafimova

Србија: Уште 227 новоинфицирани, две лица починале од Ковид-19

БиХ: Рекорден број на заразени со Ковид-19 во последниве 24 часа

Влатко Зорба

Дачиќ за наводниот скандал со Вархеји: Го прашав со нормален тон, немаше никаква кавга

Никола Поповски

Косовскиот Че Гевара: Малку познати факти за косовскиот премиер Курти

Никола Поповски

Епидемиологот Кон откри која била целта на Србија во борбата со Ковид-19