Регион

„Продавница“ во џамија: Земи што ти треба, дади колку можеш

Милиони луѓе низ целиот свет доживуваат сериозни економски реперкусии поради пандемијата од коронавирусот. Различни сектори на економијата не работат, многумина ги загубија своите работни места, на „чекање“ се, немаат можност да се обезбедат средства за живот и да им донесат храна на своите семејства.

Тешко е и во Турција, земја во која скоро 75.000 луѓе се разболеa, а околу 1.650 починаа од вирусот. Сепак, во најтешките периоди, се појавуваат оние што сакаат да им помогнат на другите со добротворни цели.

Некои не сакаат да бидат видени како помагаат, а на некои дека им е потребна помош. Вторите честопати не се во состојба да ја проголтаат гордоста и тешко се изјаснуваат дека се во неволја.

Луѓето како Абдулсам Чакир им олеснуваат ова, имамот на една џамија во Истанбул. Во оваа турска метропола, како и низ целиот свет, забрането е собирање многу луѓе, па многу места за богослужба се празни.

Култура на предците

Имамот Чакир го привлече вниманието на Истанбул, Турција и пошироко со тоа што го претвори својот меџид во „продавница“ што работи по системот: „Земи што ти треба, дади колку можеш“.

„За да ја зачуваме културата на добронамерност на нашите предци и нашата држава, решивме да го направиме овој потег во нашата џамија. Еднаш, одамна, во нашата џамија, кај еден голем камен, богатите луѓе оставаа пари за оние во потреба и беа скриени таму за да не можат да се видат како даваат. Исто така, на оние на кои им требаше помош, доаѓаа и скриени, земаа колку им треба“, рече Чакир во краткото интервју за„ Ал Џезира Балкан“.

Неговиот меџид, џамијата Дедеман во населбата Сариер во Истанбул, сега содржи полици со храна и други предмети што може да бидат потребни од страна на некој во услови на криза, како што е сегашната епидемија на вирусот. Тој изјавува дека со овој потег одговорил на поканата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и верските водачи да им пружат секаква можна помош на населбите,каде се наоѓаат џамиите.

„Ја искористивме таа покана, тој повик и ја претворивме нашата џамија во малку поинаков центар на животот од традиционалниот, каде што се обединуваме во молитва. Тука сме обединети да им помогнеме на оние што имаат потреба. Имаме едно мото, една порака која не движи напред – собери од оние што се во можност да дадат, со цел да го пренесеш и да им помогнеп на сиромашните “.

Помош од Европа

Многумина од овој, но и од другите делови на Истанбул и Турција, па дури и од други земји, од ден на ден реагираат на акцијата за помош.

„Нашите браќа и сестри од Германија и Франција ни испраќаат храна и други работи што потоа ги споделуваме со другите. Се повеќе и повеќе луѓе контактираат со нас од ден на ден за да помогнат“, истакнува младиот имам.

Тој додава дека оваа практика се спроведува во џамиите низ цела Турција и како тие ја исполнуваат Божјата заповед и волјата луѓето да бидат едни со други.

„Ова треба да биде покана за сите да си дадат помош, во време на криза, да бидат вистински браќа и сестри. Исто така, ова треба да биде повик, порака и оние кои биле погодени од несреќа – вие не сте сами, не сте напуштени. Има добри луѓе кои сакаат да помогнат и им благодарност на сите што сакаат да помогнат и да ја шират приказната за вакви работи“.

Поврзани вести

Повеќе од 16.000 жители се откажале од косовското државјанство во изминатите три години

Влатко Зорба

Мали: Во Белата куќа добивме најлош документ досега, бараат да го признаеме Косово

Никола Поповски

Уапсен свештеник во Грција, барал од верниците да не носат маски

Влатко Зорба

Лидерите од Западен Балкан неформално ќе имаат состанок со челниците на ЕУ

Борисов на средба со Трамп во Белата куќа

По протерувањето на дипломатите: Русија го задржува правото на реципрочни мерки кон Бугарија

Влатко Зорба