Регион

Рекорд во Хрватска: 140 нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистрирани 140 нови случаи на заразени со Ковид 19, а бројот на активни случаи во таа земја е вкупно 1088.

Како што објави Индекс.хр, меѓу нив има 124 пациенти на болничко лекување, од кои тројца пациенти се на респиратор, а едно лице починало.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај во Хрватска, со новиот коронавирус се заразиле вкупно 3.672 лица, од кои 118 починале, а 2.466 се опоравиле.

Во моментов има само 4.756 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 92.808 лица, од кои 1.322 во последните 24 часа.

Поврзани вести

Српскиот доктор Кон конечно ја изнесе вистината за Несторовиќ

Марибор: Евакуација поради две бомби

user4

Затворени училишта, поплавени улици, паднати дрвја од невремето во Грција (ВИДЕО)

Едно лице повредено во судирите меѓу полицијата и студентите во Грција

Maja_Serafimova

Црна Гора: На протестите приведен експретседателот на Општина Даниловград

Александар Тодески

Брнабиќ: САД никогаш досега немаа испратено ваква јасна порака, дека Приштина мора да ги укине таксите