Регион

РТС не го пренесува протестот пред српското собрание

Додека илјадници граѓани на Белград протестираат пред Националното собрание, Јавниот сервис (РТС) емитува акционен филм со Џеки Чан во главната улога на својата прва програма.

Дел од граѓаните на Србија, кои вечерва се во своите домови, имаат можност да ја следат „Полициската приказна 2“ додека полицијата турка студенти и жени со палки и штитови пред влезот во Собранието, а илјадници лути белграѓани извикуваат „Вучиќ, убиј се“ и „предавство“.

„РТС, имате 50 илјади луѓе кои протестираат на 50 метри од вас, ПОД ПРОЗОРОТ! Имате настан на ДЕНОТ! А се правите дека сте мртви! СИТЕ ве плаќаме да информирате, а не да ги мамите граѓаните! Реалноста што моментно ви е под носот не може да се игнорира засекогаш!“ Ова е само еден од коментарите на Интернет кој е преплавен со изливи на гнев против јавниот сервис.

Граѓаните кои се собраа вечерва пред српскиот парламент, незадоволни од повторното воведување полициски час, ги пробија вратите на парламентот и влегоа во зградата пред еден час.

Полициските вооружени сили со пендрици после десетина минути ги исфрлија демонстрантите од Собранието.

Пред влезот има туркање на незадоволните граѓани и полицијата, а фрлен е и солзавец.

Група граѓани пред полицискиот кордон повикуваат повторно да влезат во собранието. И порачуваат на полицијата да ги „фрлат штитовите“.

Поврзани вести

Пленковиќ: Нема потреба за прогласување вонредна состојба во Хрватска

Регистрирани 75 нови случаи и двајца починати од Ковид-19 во Грција

Курти: Приштина со најавата за укинување на таксите кон Србија покажа добра волја

Никшиќ под опсада од полиција, пред станицата поддржувачи на СПЦ извикуваа „Светињата мора да се брани“

Српски лекар заедно со уште двајца колеги дошле до големо откритие кое ги спасува пациентите заболени од корона

„Продавница“ во џамија: Земи што ти треба, дади колку можеш

Влатко Зорба