Регион

Сергеј Трифуновиќ нападнат додека собирал потписи за изборите во Србија

Лидерот на Движењето на слободни граѓани (PSG), Сергеј Трифуновиќ, беше нападнат пред „Руски цар“ на улицата „Кнез Михајлова“ за време на собирањето потписи за претстојните избори.

Како што изјави за Н1 Петар Милетиќ, член на Претседателството на движењето на слободни граѓани, еден човек му пристапил на Трифуновиќ и го испровоцирал со прашања „кој плаќа за ова“ и потоа во еден момент го удрил во лице.

Милетиќ исто така изјави дека полицијата, која била во близина, го уапсила напаѓачот и дека адвокатот на PСG ќе поднесе пријава.

Движењето на слободни граѓани собира потписи пред „Руски цар“ со цел да излезе на претстојните парламентарни избори.

Поврзани вести

Бошковиќ: Литиите немаат никаква врска со Законот, тие сакаат да ја означат Црна Гора како српска држава

Никола Поповски

Шешељ повика на апсење новинари во Србија

Словенија поддржува „мал Шенген“

Влатко Зорба

Земјотрес од четири степени според Рихтер ја погоди Албанија

Никола Поповски

Здравствените власти во Словенија го потврдија и третиот случај на лице заразено со новиот коронавирус

Курти очекува од новиот комесар на ЕУ за надворешна политика да се дистанцира од политиката на Могерини