Регион

Сергеј Трифуновиќ повика на нов протест: Дојдете во бели маици!

Лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ ги повика граѓаните на Белград да излезат пред Собранието на Србија денес во 18 часот, пренесува „Мондо“.

„Почитувани сограѓани, ве повикувам вечерва сите заедно да покажеме дека не сме хулигани со тоа што ќе дојдеме пред Националното собрание во БЕЛИ МАИЦИ во 18 часот и со тоа да направиме јасна разлика помеѓу хулиганите и нас кои дојдовме да изразиме незадоволство. Исто така, ве замолувам да седиме мирно, на растојание со маски и ракавици. Во овој момент, најважно е да се зачуваат здравјето и достоинството“, напиша Трифуновиќ.

За време на протестите и немирите пред Собранието на Србија, синоќа се повредени 19 полицајци и 17 демонстранти, кои биле згрижени од екипите на Брзата помош.

Поврзани вести

Вучиќ: Службите потврдија дека е можно Косово да добие германско оружје

Купуваш стан во Тиват и добиваш црногорско државјанство

Во Хрватска уште тројца новозаразени: Сега се вкупно 49

Во Србија се потврдени уште седум случаи на заразени со новиот коронавирус

Обединета албанска опозиција: Венецијанската комисија го урна противуставниот план на Еди Рама

user4

Тачи: Итно да се укинат таксите кон Србија

Никола Поповски