Регион

Сијарто повтори: Западен Балкан во ЕУ е во интерес на Унгарија

Унгарија смета дека европската интеграција на Западен Балкан е нејзин стратешки интерес, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сијарто.

„Мирот и напредокот на Западен Балкан се во интерес на Унгарија. Ако се случи спротивното, тоа е лошо за Унгарија. Што и да се случи во регионот, ќе има непосредно влијание врз Унгарија“, рече Сијарто по средбата со министерката за надворешни работи на Приштина, Мелиса Харадинај Стубла.

Сијарто додаде дека Унгарија ќе го испрати својот трет по големина контингент во мисијата КФОР на Косово и додаде дека командантот од Унгарија ќе биде шеф на таа мисија од ноември следната година.

Поврзани вести

Додик се спротивстави на посетата на Ѓукановиќ на БиХ

Никола Поповски

Вучиќ: Од 6 март ова е 12-ти пат како умирам

Александар Петровски

Катругалос се повредил додека спортувал, пренесен во болница

Александар Петровски

Србија: Повеќе од 1.500 заразени, пет лица починаа

Влатко Зорба

„Бура“ е најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна, вели Вучиќ

Влатко Зорба

Исидора Бјелица ќе биде погребана во Алејата на заслужните граѓани