Регион

Син на поранешен министер уапсен поради упад во српското собрание, тој се повикал на Дачиќ

Владимир Шкундриќ, син на Петар Шкундриќ, поранешен министер за рударство и енергија и близок соработник на српскиот министер за внатрешни работи – Ивица Дачиќ, бил уапсен во групата демонстранти кои вечерва се обидоа да упаднат во Националното собрание. објавија Блиц “.

Шкундриќ беше уапсен заедно со група хулигани кои ги искршија прозорците во зградата на Собранието. Тој со себе имал маска и безбол палка, пренесува „Блиц“.

– Тој веднаш и ’кажал на полицијата дека е син на Петар Шкундриќ, советник на Дачиќ – вели изворот на „Блиц“ и додава дека Шкундриќ Џуниор е приведен.

Петар Шкундриќ е висок функционер на Социјалистичката партија на Србија и поранешен советник на Ивица Дачиќ, познат по добрите односи со Русија.

Своевремено се споменувало дека може да биде и амбасадор во Москва.

Поврзани вести

Лајчак е кандидат за функцијата прв специјален пратеник на ЕУ за Западен Балкан

Вицепремиерот на Косово за укинувањето на таксите: Попрво ќе падне владата, отколку да се расипе пријателството со САД

Стефановиќ: Приемот на Косово во Интерпол ќе биде политичка одлука

Влатко Зорба

Во сараевскиот суд лажна дојава за бомба

Црногорската полиција нема да ги обезбедува литиите со над 200 лица, веднаш ќе се апсат одговорните

Косово ја отвора границата со Црна Гора

Влатко Зорба