Регион

Состојбата во Хрватска се влошува: 2.421 новозаразени, 8 починаа

Денес во Хрватска се регистрирани 2.421 случај со коронавирус и пријавени се осум смртни случаи.

Вчера во земјата беа регистрирани рекордни 2.242 нови случаи, а состојбата денес е уште полоша.

Има 825 пациенти на болничко лекување, од кои 58 пациенти се на апарати за дишење. Во моментов има 28.177 лица во самоизолација.

Поради големиот број заразени лица, Кризниот штаб денеска ќе донесе одлука за нови мерки, бидејќи претходните не ги дадоа посакуваните резултати.

Се очекува бројот на луѓе на јавни собири да се намали на 50, на свадби на 25. Бидејќи работното време во кафулињата и рестораните е ограничено до полноќ, луѓето купуваат алкохол на бензински пумпи, па се очекува за време на епидемијата, продажбата на алкохол на пумпите да биде забранета.

Поврзани вести

Во Хрватска има четири новозаболени со коронавирус, вкупно 31

Србија: 2.823 новозаразени со корона, 14 лица починаа

Влатко Зорба

Кој е Хашим Тачи – косовскиот претседател, обвинет за воени злосторства?

Влатко Зорба

Абазовиќ позитивен на коронавирус

Влатко Зорба

Абазовиќ: Го соборивме балканскиот Лукашенко

Влатко Зорба

Нови 245 заразени со ковид-19 во Србија, едно лице почина