Регион

Србија: Пилотите херои останале во авионот за да не се урне врз куќите

Извор на порталот „Нова.рс“, кој инсистирал на анонимност, а кој е упатен во воената авијација, тврди дека пилотите на Миг-21, кој денеска се урна во близина на Мали Зворник, најверојатно не катапултирале на време за да спречат авионот да падне во населеното место и да убие цивили.

Изворот додава дека несреќата се случила за време на обука на професионален пилот кој на овој тип авиони вежбал да управува со Миг-29.

„Иако е рано да се суди и проценува како се случила несреќата, многу е веројатно дека пилотите не катапултирале со цел да го управуваат авионот до последен момент и да спречат истиот да остане надвор од контрола и да падне врз населено место и да убие цивили.

Истрагата ќе покаже што точно се случило, а засега има две верзии. Според едната и двајцата останале во авионот до крајот, а според другата, едниот се катапултирал. Поради фактот дека авионот не останал надвор од контрола, сосема е сигурно дека на тој начин спасиле кој знае колку животи на земјата. Тоа е секако херојски подвиг“, вели изворот.

Несреќата се случила утрово околу девет часот, а во несреќата е повреден и жител во чиј двор се урнал авионот.

Министерството за одбрана сè уште не го објави идентитетот на настраданиот пилот, додека по другиот сè уште се трага.

Како што дознава порталот „Нова.рс“, авионот Миг-21 кој се урна утрово бил прегледан непосредно пред полетувањето и било утврдено дека е потполно исправен. Истрагата сè уште трае, а присутен е и дежурниот обвинител.

Фото: Данас

Поврзани вести

Италијански весник: Дојде време „кралот“ Мило да падне?

Никола Поповски

(ВИДЕО) Рама до младите: Наместо да седите во кафулиња, помогнете во обнова на урнатините

Александар Тодески

Ѓилас кон Вучиќ: Поради изборите, ги турна луѓето во смрт (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Д-р Радовановиќ: Улогата на „Батут“ е да ги прикрие вистинските податоци

Влатко Зорба

Тиодоровиќ: Целта е да се сведе Ковид на спорадична појава

Влатко Зорба

Хоти: Косово напорно работеше за интеграција во регионот

Stefanija Kuzmanovska