Регион

Сребреница е симбол на злосторства во поранешна СФРЈ, вели Мас

Министерот за надворешни работи на Германија, земја која го има претседателството со ЕУ, Хајко Мас, истакна денеска, по повод 25-годишнината од злосторствата во Сребреница, дека кривичната одговорност на криминалците е од клучно значење за помирување во општеството.

Особено од одговорноста на сопствената историја, Германија е особено посветена на тоа, истакна Мас.

Тој во изјавата рече дека Германија целосно го поддржува меѓународниот суд и со нетрпение очекува да ја продолжи работата.

Шефот на германската дипломатија истакна дека на самите држави им е да ги изведат криминалците сега пред лицето на правдата.

„Како ниедно друго место, Сребреница е симбол на злосторства против човештвото во поранешна Југославија. 8.000 млади и мажи беа убиени таму, на крајот на 20 век, во средина на Европа, пред светската јавност. Ние сме обединети во тоа deka Сребреница никогаш не смее да се случи повеќе. Националистичките тенденции, каде и да се соочуваме со нив, ние мора да им се спротивставиме“, рече Мас.

Тој рече дека pomneweto на жртвите треба да биде поттик да се оди доследно на патот на помирување и надминување на минатото.

Поврзани вести

Војската се вклучи во гасење на шумскиот пожар на Стара планина

user4

Грција: Нема компромис во врска со турската инвазија на Кипар

Stefanija Kuzmanovska

Медведев: Подготвени сме да обезбедиме помош за зачувување на територијалниот интегритет на Србија

Влатко Зорба

Комшиќ го обвинува Вучиќ за „поткопување“ на БиХ

Никола Поповски

Бугарија дозволи прелет: „Панцир“ пристигнува во Србија

Никола Поповски

Огромни загуби во Србија и БиХ поради царините на Косово

Влатко Зорба