Регион

Српската влада потврди: Сите полнолетни граѓани ќе добијат по 100 евра!

Српската влада со уредбата за директна помош на компаниите и граѓаните, како што беше претходно најавено, предвидува финансиска помош за сите полнолетни граѓани во Србија.

Уредбата предвидува дека по завршувањето на вонредната состојба, на сите полнолетни граѓани им се плаќа еднократна парична помош во висина од 100 евра во денарска противвредност.

Регулативата не предвидува повеќе детали, освен тоа што постапката, начинот и условите за плаќање, ги уредува Владата.

– Ова го усвоивме денес на Владата – рече министерот за финансии, Синиша Мали.

Мали, исто така, рече дека знае за предлогот на дел од економијата да се обезбеди финансиска помош на граѓаните преку ваучери.

Според проценките на Фискалниот совет, оваа финансиска помош на граѓаните ќе го чини државниот буџет околу 600 милиони евра.

Поврзани вести

Гренел: Никогаш не сум разговарал со Тачи и Вучиќ за размена на територии

Влатко Зорба

Две лица исчезнаа од кои едно дете по судир на чамец со мигранти и брод на грчката крајбрежна служба

Maja_Serafimova

Силно невреме во јужна Србија: Град со големина на орев ги поплавил улиците на Врање (видео)

Затворени училишта, поплавени улици, паднати дрвја од невремето во Грција (ВИДЕО)

Владата во Грција сака да изгради лебдечка ограда за да ги спречи мигрантите

Пленковиќ ја прифатил оставката на министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ