Регион СВЕТ

Српски имунолог: Вирусот нема тајмер, не секоја вирусна честичка ќе умре во исто време

Д-р Срѓа Јанковиќ, имунолог на Универзитетската клиника за деца во Тиршова, беше домаќин на втората веб-конференција, организирана од Форумот на пациенти на Србија, каде што одговори на бројни прашања во врска со коронавирусот.

Одговарајќи на прашањето колку коронавирусот може да се задржи на површините, д-р Срѓа Јанковиќ изјави:

– Не треба да ги кроиме нашите превентивни постапки по тоа што сме нашле бројки во некоја студија. Вирусот нема тајмер, не секоја вирусна честичка ќе умре во исто време. Можеби нема ни да биде инфективен токму во тоа време, но во одреден момент ќе ја изгуби способноста да заразува, објасни тој.

Затоа, вели тој, треба да ја третираме секоја површина како потенцијално заразена.
„Знаеме дека вирусот може да потрае некое време и тоа треба да ни биде доволно“, рече имунологот.

Поврзани вести

Хилари Клинтон даде поддршка на Џо Бајден за претседател на САД

Коронавирус во Италија: Ставени во служба студентите од завршната година на медицина

Stefanija Kuzmanovska

Финските политичари: Жени раѓајте повеќе деца!

Maja_Serafimova

Една третина од човештвото е во изолација поради новиот коронавирус

Во Италија може да се излезе од дома само со изјава за здравствена состојба

Нетанјаху: Можеби нападот врз Сирија го изврши авијацијата на Белгија

Никола Поповски