Регион

Стано за продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина: Средба во Брисел на 12 јули, не очекуваме договор

Портпаролот на ЕУ, Питер Стано, рече дека ЕУ од средбата на 12 јули во Брисел очекува да биде продолжување на процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина, но дека нема очекувања дека ќе биде постигнат некаков клучен договор, пренесува „Блиц“.

– Ова нема да биде еден од настаните кој ќе резултира со некаков клучен договор. Ова е продолжение на дијалогот и процесот чија цел е работење на сеопфатен правно обврзувачки договор меѓу Србија и Косово за нормализација на односите – вели Стано.

Говорејќи за плановите за средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, закажана од ЕУ за недела, 12 јули во Брисел, Питер Стано истакна дека „очекувањата се големи“ во однос на рестартирање на процесот што е блокиран од ноември 2018 година.

– Статус-квото, што подразбира блокада на дијалогот, не е одржливо и добро е што постои договор меѓу двете страни да дојдат во Брисел и да ги продолжат разговорите – наведува Стано.

На прашањето дали ЕУ, како посредник во дијалогот, ќе влијае врз можните теми на разговорот, Стано рече дека ЕУ е таму за да „го олесни дијалогот, а не да ги наметнува своите ставови“.

Во исто време, тој потсетува дека европската иднина за Белград и Приштина е можна само преку дијалог посредуван од ЕУ.

Поврзани вести

Захариева: Двајца руски дипломати се прогласени за „персона нон грата“

Никола Поповски

Курти: Договорот со Белград немаше одобрение од новата влада

Влатко Зорба

Мустафа: „Мини-шенгенот“ го оддалечува Западен Балкан од патот на европските интеграции

Влатко Зорба

Во Србија се потврдени уште два случаи на новиот коронавирус, со што број на заразени се зголеми на четири

Спасувачите се обидуваат да извлечат две семејства од урнатините (ВИДЕО)

Почина едно лице во Хрватска кое било во самоизолација

Александар Петровски