Регион

Ставот на Макрон е позитивен сигнал но нема простор за еуфорија, вели Рама

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ставот на францускиот претседател Емануел Макрон дека ако резултатите од Извештајот на Европската комисија во март за Албанија и Северна Македонија се позитивни тој би поддржал отворање на преговори со нив, за да станат членки на Унијата, е позитивен сигнал, но оти нема простор за еуфорија.

Побара од граѓаните трпеливост и смиреност се до одлуката на пролет.

– Не можев да го следам претседателот Макрон бидејќи бев на други состаноци, но од она што можев да го слушнам тоа е позитивен сигнал. Сепак сакам да им кажам на сите дека нема зошто да се храниме себе си со илузии и желби, иако многу легитимни, затоа што ова нешто не зависи од нас. Да чекаме трпеливо и да продолжиме да работиме со упорност и трпеливост за да ги сработиме работите како што би работеле ако преговорите беа отворени, порача Рама од Минхен, пренесуваат албанските медиуми.

Коментирајќи ја посетата на Минхен, Рама рече дека главниот фокус е да се вклучат што е можно повеќе земји на донаторската конференција за обнова на Албанија.

-Дојдов со една голема цел и задача, да реализирам што поголем број контакти и да направам што е можно повеќе во функција на донаторската конференција и задоволен сум што времето го искористив во полза на конференцијата. Сега останува да ги видиме резултатите иако има уште часови за работа ,рече Рама.

Премиерот Рама очекува многу од Донаторската конференција за обнова на неговата земја по трагичниот земјотрес на 26 ноември.

-Тоа не значи дека на донаторската конференција ќе се соберат сите потребни средства, туку на ниво кое ќе има тежина во овој процес. Доколку се реализира ова ќе бидеме задоволни,вели Рама.

Донаторската конференција ќе се одржи в понеделник на 17 февруари во Брисел.

Поврзани вести

Месиќ: Не би било добро Китаровиќ да добие нов мандат

Влатко Зорба

Советот на ЕУ денес ќе разговара за реформите за проширување

Влатко Зорба

Бројот на заразени со коронавирусот во Словенија се зголеми на 528 лица

120 албански државјани, баратели на азил, вчера беа депортирани од Франција

Maja_Serafimova

Иса Мустафа: До крајот на неделава ќе се знае дали ќе се формира влада со Самоопределување

Вучиќ по средбата со Макрон и Тачи: Дијалогот може да се продолжи доколку Приштина ги укине таксите

Влатко Зорба