Регион

Тачи: Мерката за карантин е резултат на неодговорноста на косовската влада

Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека мерката за карантин за северниот дел на Косовска Митровица и Звечан е неприфатлива и дека е „резултат на неодговорноста на косовската влада да ги заштити и да им помогне на сите граѓани и да го заштити територијалниот интегритет на Косово“.

Хашим Тачи напиша на Фејсбук дека косовската влада не смее да им дозволува на општините во северно Косово да работат надвор од контролата на институциите и телата одговорни за спречување на пандемијата „КОВИД-19“, со што се создава нелегален оперативен простор за српските власти во нашата земја.

Тачи смета дека „косовската влада не смее да дозволи општините во северно Косово да работат надвор од контролата на управување на косовските државни органи“.

„Како претседател, јас ја следам со голема загриженост состојбата создадена во северно Косово“, напиша косовскиот претседател, повикувајќи ја косовската влада „да ги извршува своите одговорности пред нашите граѓани, сите заедници, низ целото Косово“.

Поврзани вести

И Ѓукановиќ на состанокот на „Мал Шенген” во Тирана

Макрон на средбата со Вучиќ го поддржал „Малиот Шенген“

ФОТО: Најмасовни протести во Црна Гора против Законот за слобода на вероисповест

СИРИЗА: Владата ги претвора островите во затвори на сите баратели на азил, семејства и малолетни лица

Во Србија приведена новинарка која известувала за коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Борел: Статус-квото во преговорите Белград-Приштина е неподносливо

Stefanija Kuzmanovska