Регион

Тачи: Претставникот на ЕУ во дијалогот со Белград мора да го третира Косово како независна држава

Косовскиот претседател Хашим Тачи во Брисел вечерва изјави дека секој што ќе биде назначен за претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, мора „да го третира Косово како суверена држава“.

Тачи по состанокот на лидерите на ЕУ и лидерите на Западен Балкан рече дека е важна улогата на Европската унија во решавањето на косовското прашање и дијалогот со Белград, но улогата на Америка е незаменлива.

Тој рече дека на состанокот ЕУ и Западен Балкан се разговарало и за продолжување на дијалогот меѓу Србија и Косово, со изгледите за постигнување на конечен договор.

Тачи потврди дека е подигната темата за назначување специјален пратеник и се надева дека назначувањето на нов пратеник нема да биде можност да се „најде нова работа за некое службено лице, бирократ или дипломат“.

На прашањето на новинарите како гледа на можноста за вклучување во дијалогот Белград-Приштина на претставник на ЕУ, од земја што не го признава Косово, Тачи рече дека независноста на Косово е реалност.

„Кој и да дојде, Косово е независна и суверена држава. Кој ќе биде назначен, треба да се однесува кон Косово како суверена држава, во спротивно нема да има смисла да се ангажира таа личност“, рече косовскиот претседател.

Тачи, исто така, сакаше да укаже дека американската страна во изминатите недели го постигнале она, што не можеше да се замисли во последните 20 години.

„Секако дека е важна улогата на ЕУ, но улогата на САД е незаменлива“, заклучи претседателот на Косово.

Поврзани вести

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Никола Поповски

Макрон: Приемот на Бугарија и Романија во ЕУ беше премногу избрзан

Никола Поповски

Борисов: Нема закана за Бугарија од мигрантите од Турција

Stefanija Kuzmanovska

Пронајдени делови од метеоритот кој експлодира на словенечко-хрватската граница

Ердоган денеска допатува во ненајавена посета на Тунис

Maja_Serafimova

Мицотакис-Вучиќ: Се согласивме за потребата да се задржи отворен европскиот пат на земјите од Западен Балкан