Регион

Тиодоровиќ: Целта е да се сведе Ковид на спорадична појава

Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ изјави дека постои тенденција на благ пад кога станува збор за епидемијата на коронавирусот, но дека вирусот ќе биде присутен долго време, поради што, вели тој, мора да научиме да живееме со него, придржувајќи се до пропишаните мерки.

По седницата на кризниот штаб во Ниш, Тиодоровиќ рече дека може да се каже дека граѓаните ги прифатиле пропишаните мерки посериозно и дисциплинирано отколку што било случај во претходниот период.

„Сега сме во пресвртен момент, кога, како граѓани, како луѓе кои свесно се борат против сериозна болест, ќе покажеме солидарност, подготвеност, дисциплина и одговорност, и ако продолжиме вака, мислам дека ќе бидеме на вистинскиот пат болеста да ја сведеме на спорадична појава. Тоа е нашата цел“, истакна Тиодоровиќ.

Тој изјави дека вирусот ќе биде присутен долго време и рече дека мора да научиме дека, придржувајќи се до пропишаните мерки, живееме со него и функционираме во областа на економијата, културата, спортот, училиштата – сè она што значи живот.

Посочи дека, ако успееме, ќе бидеме на добар пат да бидеме побезбедни и поподготвени за сите ситуации што претстојат, и додаде дека Штабот денес ја потврдил потребата овие мерки да бидат спроведени до крај.

Тиодоровиќ рече дека граѓаните се навикнати на епидемијата, како што е случајот со грипот, трае два-три месеци и дека после тоа е посмирено, но дека ова е многу поголем проблем, вирус кој е далеку потрајен.

„Тој е потраен затоа што наоѓа чувствителни човечки организми и само на тој начин може да преживее и затоа е важно да се спречи да го пронајде следниот чувствителен организам во кој ќе преживее“, додаде Тиодоровиќ.

Повтори дека е неопходно да им се овозможи на граѓаните да уживаат во животот, за земјата да функционира нормално економски, да функционираат културни и спортски настани, но со строга примена на пропишаните мерки.

Поврзани вести

Доктор Кон се закани: Наскоро нови забрани во Србија

Александар Петровски

Земјотрес од 3,4 степени според Рихтер предизвика паника кај граѓаните во Албанија

Вучиќ за седењето како ученик пред Трамп: За тоа зборуваат оние кои можат да влезат во Белата куќа само како туристи

Влатко Зорба

Албанија: Се во продавницата било наредено на место, а потоа почнале да летаат лименки (ВИДЕО)

Курти за промената на границата: Планот пропадна, но идејата не е мртва

Никола Поповски

Уапсени три лица во Грција, од кои две осудени за учество во анархистичко-терористички организации

Берта Китинска