Регион

Трамп: Вучиќ и Хоти се прегрнуваа и бакнуваа во Овалната соба

На последниот од низата предизборни митинзи, американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја повтори приказната за неговата улога во решавањето на конфликтот меѓу Белград и Приштина – барем како што тој гледа.

„Знаете, јас бев номиниран за Нобелова награда за мир, од различни причини … На пример, Косово и Србија. Но, само малку, нели тие постојано војуваат, зарем не се убиваат едни со други? Им реков „нема бизнис сè додека не престанете да се убивате едни со други“. И знаете што? Им беа потребни 20 минути, а тие се убиваа 40 години, мислам дека се борат 400 години, но по 20 минути поминати во Овалната соба, тие се прегрнуваа и се бакнуваа“, рече претседателот на САД на митингот во Небраска.

Патем, ова не е прв пат Трамп да ја пофали неговата улога во „решавањето“ на конфликтот меѓу Белград и Приштина.

„Ви раскажав приказна пред некој ден. Косово и Србија меѓусебно се убиваат со години. Едноставно се убиваа. Тие не се согласуваат. Како Израел и Палестинците. Им реков, зошто се борите и се убивате? Тие имаат многу разлики, вклучувајќи ги и верските. Им реков, што правите? Ние тргуваме со двајцата, така што имаме одредена моќ. Им реков, слушајте, ајде да склучиме договор, да создадеме економски мир, а со тоа и мир. Дојдоа во мојата канцеларија, во Овалната соба да потпишат. Тие се прегрнаа, убаво беше да ги видам. Спасивме многу животи“, рече Трамп на предизборен митинг во Пенсилванија во септември.

Поврзани вести

Шведски публицист ги номинира владите на Србија и Косово за Нобелова награда

Александар Петровски

БиХ наскоро ја презема контролата врз целиот воздушен простор

Влатко Зорба

Турција со најмал број на смртни случаи од Ковид-19 во последните 30 денови

Како Русија ја помага анти-ЕУ кампањата во Албанија?

Никола Поповски

Го киднапирала и со нож го сечела љубовникот на нејзиниот сопруг

Скоро половина од Грците планираат летово да одат на одмор