Регион

Трифуновиќ: Ме нападнаа „храбри“ членови на Левијатан

Лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ, се здоби со повреди на главата во протестот што се одржува пред Собранието на Србија, а во изјава за „Крик“, тој тврди дека бил нападнат од членови на движењето Левијатан.

„Дојдовме да го поддржиме протестот, но членовите на Левијатан веќе беа дојдени и стоеја во првите редови, сите во црно. Беа храбри како и секогаш кога се во толпата, секако. Е сега… не знаеме дали се таму со задача ова да не биде мирен протест, туку срање, но можно е тие да бидат вметнати токму за да фрлат дамка“, рече Трифуновиќ.

Тој додаде дека не знае како е повреден.

„Во толпата, некој почна да ме удира од сите страни, така што немам појма. Некој ме удри од горе пред зградата на собранието. Веројатно со тврд предмет, штом раната е волку длабока. Немаше брза помош, јас санирав сè“, рече лидерот на ПСГ.

Трифуновиќ повтори за Нова.рс дека бил нападнат од движењето Левијатан.

Тој објасни како дошло до ударот.

„Почна да „грми“ од сите страни, беа триесетмина. Јас не направив ништо и ништо не кажав, само се појавив, а сите почнаа да ме бркаат. Ја добив снимката и видов дека некој ме удри во главата со камера. Јас сум во ред, не ми претставува проблем повторно да излезам на протест, не се плашам “, вели Трифуновиќ.

Фото: Нова рс

Поврзани вести

Медведев: Во никој случај не треба да дозволиме повторување на какви било манифестации на насилство

Maja_Serafimova

Кукан и Флекенштајн посредници на ЕП во дијалогот меѓу властите и опозицијата во Србија

user4

Хаг го одобрил барањето на Тачи: Утре ќе се појави пред обвинителството

Никола Поповски

Курти денеска ја презема должноста шеф на извршната власт на Косово

Д-р Тиодоровиќ: Во Србија вистинскиот пик на заразата ќе го имаме за пет-шест дена

Пад од 83 посто на туризмот во Хрватска во првата половина на јуни

Stefanija Kuzmanovska