Регион

Црна Гора ги отвори границите за граѓаните на уште четири земји, Македонија не е на списокот

Граѓаните на Белорусија, Канада, Украина и Зимбабве ќе можат да влезат во Црна Гора од петок, без дополнителни ограничувања, објави Националното координативно тело.

„Нов список на земји чии жители можат слободно да влезат во Црна Гора без дополнителни ограничувања ќе биде објавен на петок, 7 август. На листата се додадени Белорусија, Канада, Украина и Зимбабве“, велат од Националното координативно тело.

„Сите мерки се применуваат сè додека не престане опасноста од ширење на коронавирусот или додека мерката не се промени или одземе, што редовно ги објавува НКТ, освен мерките под кои е наведен рокот“, наведува НКТ, пренесува РТЦГ.

Претходно беше решено дека граѓаните на Русија и Азербејџан можат да влезат во Црна Гора без дополнителни ограничувања.

Поврзани вести

Капетан Драган останува во затвор

user4

Секој втор Грк задоволен од работата на владата во првите три месеци од мандатот

Влатко Зорба

Црна Гора: Нема случај на заразени со коронавирус, апсење на сите што шират лажни вести

Никола Поповски

Македонците во Албанија го поддржуваат барањето за загарантирани места за малцинствата во Парламентот

Европската комисија предложи зголемување на буџетот на ИПА фондовите за Западен Балкан

Stefanija Kuzmanovska

Словенците пред најтоплиот Божик во последните 70 години