Регион

Црна Гора прогласи крај на епидемијата, некои мерки остануваат

Крајот на епидемијата од коронавирус беше прогласен денес во Црна Гора. Ова го одлучи Националното координативно тело за заразни болести по предлог на Институтот за јавно здравје.

„Ова е резултат на неколкумесечни напори на сите во системот и на нашите граѓани“, соопштија здравствените власти, додавајќи дека мерките против „увозот“ на вирусот ќе останат на сила, бидејќи пандемијата сè уште трае.

Црна Гора ги отвори своите граници во понеделникот, но може да влезат само граѓани на земји со помалку од 25 случаи на 100.000 жители.

Иако границите се отворени со Србија, српските граѓани или жителите во таа земја засега не можат да одат во Црна Гора, затоа што има повеќе од 25 пациенти на 100.000 жители во Србија.

Засега влезот од Србија во Црна Гора е можен само за црногорските граѓани и странците со постојан или привремен престој во Црна Гора, но со 14 дена самоизолација или карантин.

Помошникот директор на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, денеска соопшти дека се исполнети условите за „откажување“ на епидемијата на коронавирус, но тој исто така посочи дека сè уште постои можност за заболување.

Крајот на епидемијата се прогласува кога нема нови случаи на коронавирус 28 дена по ред.

Поврзани вести

Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотресот во Албанија се искачи на 46

Влатко Зорба

Самоопределување со предлог: Курти ќе биде мандатар за формирање на новата Влада

Никола Поповски

Еди Рама: Меркел го поддржува балканскиот „мини Шенген“

Љајиќ: Забрането зголемување на цените на 36 производи, стоп за извоз на заштитна опрема

Албанскиот претседател Илир Мета нема намера да поднесе оставка од функцијата

Светска банка предупредува: Загадениот воздух во БиХ причина за смртта на 3000 луѓе годишно

Никола Поповски