Регион

Турција на Црна Гора ќе и донира воена опрема во вредност од околу 15,5 милиони евра

– Турското Министерство за одбрана во следните пет години на армијата на Црна Гора ќе и донира опрема во вредност од околу 15,5 милиони евра.

Турската амбасада во Подгорица потсетува дека Турција и Црна Гора потпишаа многу воени договори, вклучително и Рамковниот договор за соработка во воените полиња за обука, технологија и наука во 2014 година и Договорот за соработка во областа на воената индустрија во 2017 година.

– Договорот за воена финансиска соработка обезбедува помош во вредност од 100.000 милиони турски лири (околу 15 милиони евра) за модернизација на вооружените сили на Црна Гора, а со Протоколот за финансиска помош се предвидени 3,5 милиони турски лири (околу 0,5 милиони евра) помош за обука на вооружените сили на Црна Гора. Средствата ќе се доделуваат постепено, за периодот 2020-2024 година, информира Амбасадата.

Договорите не предвидуваат директен трансфер на пари.

Поврзани вести

Луиџи Сореца изјави дека се неприфатливи заканите кон новинарите

Влатко Зорба

Албанија: Прв смртен случај од менингитис

Никола Поповски

Високи претставници на САД во посета на Приштина

user4

„Петорката“ нема да учествува во формирањето на нова косовска влада

Никола Поповски

Владата на Курти постави две „црвени линии“ во дијалогот со Србија

Влатко Зорба

Словенија: Невработените лица во државата ќе добиваат 530 евра месечно

Maja_Serafimova