Регион

Турскиот Уставен суд денеска донесе пресуда во корист на Википедија

Турскиот Уставен суд денеска донесе пресуда во корист на Википедија, оценувајќи ја двегодишната забрана на турската Влада за користење на интернет енциклопедијата како повреда на слободата на изразување, јави Анадолија.

Турција ја блокираше Википедија во април 2017 година, обвинувајќи ја дека е дел од „клеветничка кампања“ против земјата, откако веб-страницата одби да ги отстрани содржините што, наводно, ја претставуваат Турција како земја што ја поддржува Исламска држава и други терористички организации.

Пристапот до Википедија и сите негови јазични изданија е блокиран со закон кој им овозможува на Владата да забрани веб-страници за кои смета дека претставува закана за национална безбедност.

Википедија одби да ги отстрани содржините од веб-страницата, спротивставувајќи се на цензурата и поднесе барање до Уставниот суд во мај 2017 година.

Анадолија јави дека Уставниот суд одлучил оти забраната ја нарушува слободата на изразување.

Судиите гласаа со 10 наспроти шест во корист на Википедија.

Турската Влада се уште не одговорила и не е јасно дали ќе се врати пристапот до веб-страницата.

Поврзани вести

РТС не го пренесува протестот пред српското собрание

Влатко Зорба

УНИЦЕФ Србија негира дека Дуа Липа е нивен амбасадор

Stefanija Kuzmanovska

Дендиас со поддршка до Албанија: Подготвени сме да помогнеме на кој било начин

Влатко Зорба

Кон: Денес ќе имаме најцрн ден во Србија, размислуваме за поостри мерки

Никола Поповски

Инциденти, турканици и вербални напади пред српскиот Парламент (ВИДЕО)

Баба од Белград на оригинален начин го прошета кучето за време на забраната за излегување (ВИДЕО)