Регион

Уапсени 16 лица на 17 локации во Црна Гора

Црногорската полиција потврди дека денеска се уапсени 16 лица на 17 локации, меѓу кои се и мајката и братучедот на пратеникот на Демократски фронт во црногорскиот Парламент, Милан Кнежевиќ.

Во полициското соопштение се наведува дека мајката на Кнежевиќ е приведена бидејќи ги омаловажувала полицајците при претресот.

Претходно опозициската „Вистинска Црна Гора“ соопшти дека на аеродромот во Подгорица денеска е уапсен лидерот на таа партија Марко Милачиќ.

Акцијата за апсење е извршена утрово врз основа на судска наредба и притоа биле претресени 17 локации, соопшти Управата на полицијата.

Се наведува дека при претресот било пронајдено и времено одземено нелегално оружје – пушка и два пиштола, одредено количество муниција, средства за комуникација и други предмети. Одземените работи ќе бидат предмет на форензички вештачења.

– Во тек е криминалистичка обработка на сите приведени лица, а во соработка со надлежните државни органи сите кои што ќе стекнат услови за прекршочна или кривична одговорност ќе бидат процесуирани согласно законот, се додава во полициското соопштение.

Претседателот на „Вистинска Црна Гора“, Марко Милачиќ беше уапсен утрово на аеродромот во Голубовци, при излегувањето од авион.
Додека ја напуштал аеродромската зграда со багаж, тој бил пречекан од полицајците кои му рекле дека е уапсен, а потоа му ставиле лисици на рацете.

„Мило Ѓукановиќ, готов си, битанго!“, Рече Милачиќ додека влегол во полициското возило.

Поврзани вести

Харадинај: Не е во ред да се злоупотребува ситуацијата со лицата кои се засолнија во Косово по силниот земјотрес во Албанија

Maja_Serafimova

Бродот „Галеб“ на Тито ќе биде претворен во музеј

Доктор Ана Глигиќ: Втор бран епидемија нема да има, вирусот дефинитивно ослабе

Словенија од денес воведува полициски час, процентот на заразени е над 20 проценти

Никола Поповски

Грабар-Китаровиќ ги згреши бројките за избори, па ги повика граѓаните да гласаат за Милановиќ

Александар Тодески

Хрватска ги враќа рестриктивните мерки

Stefanija Kuzmanovska