Регион

Ураганот Јанош уништи делови од Грција

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги посетува областите погодени од ретко силниот „медитерански циклон“ или ураган на крајот од минатата недела, при што загинаа најмалку три лица.

Во вторник, премиерот ќе ја посети Кардица, град во централна Грција со педесет илјади жители, каде беа поплавени илјадници куќи.

За време на „медитеранскиот ураган“ со „тропски карактеристики“, наречен „Јанус“, стотици луѓе беа спасени од поплавени згради и возила, а облаците и бурните ветрови уништија згради, продавници и магацини во областите северно од Атина.

Поплавени се пет илјади куќи, а третина од градот остана без електрична енергија, изјави за јавната телевизија ЕРТ градоначалникот на Кардица, Василис Циакос.

Според него, ќе требаат најмалку пет дена за градот повторно да застане на нозе.

Летовите и поморските врски беа откажани во петокот, бидејќи ураганот ги погоди островите во Јонското Море.

Поројни калови, паѓања на дрвја, прекини на електрична енергија и водата погодија широка област ноќта помеѓу петок и сабота.

Поврзани вести

Како Русија ја помага анти-ЕУ кампањата во Албанија?

Никола Поповски

Граѓаните влегоа во српското собрание (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Гренел: Тврдењата на Курти се бесмислени, тоа е луда критика

Влатко Зорба

Варвициотис: Европската комисија до 15 јуни ќе ја продолжи одлуката за затворање на границите со трети земји

Доктор Ана Глигиќ: Втор бран епидемија нема да има, вирусот дефинитивно ослабе

Албанските рибари уловиле ајкула „тигар“ од 500 килограми кај Драч

Maja_Serafimova