Регион

Во Атина застрелан поранешниот српски фудбалер Дарко Ковачевиќ

Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Србија, Дарко Ковачевиќ, кој беше застрелан пред куќа во одморалиштето „Глифада“ во близина на Атина, даде изјава во полицијата велејќи дека видел како човек излегол од автомобил со пиштол и се движел кон него.

Тој споделил на полицијата дека го паркирал автомобилот и се движел кон неговата куќа кога бил нападнат, пренесува zougla.gr.

„Видов човек како излегува од автомобил со пиштол и се движи кон мене. Инстинктивно се фрлив во десната страна, кога тој пукаше во мене, а потоа избега, влезе во возило и исчезна во непознат правец“, рече Ковачевиќ,пренесува „Блиц“.

Според порталот zougla.gr, Ковачевиќ бил погоден од најмалку еден истрел на аголот на Елпидос 2 и Посејдон авенијата.

Според последните информации од Атина, во тек е голема потрага по напаѓачите. Десетици полицајци го пребаруваат теренот во близина на домот на Ковачевиќ, а како што може да се види од местото на настанот, ангажирани се специјални полициски кучиња за пронаоѓање на напаѓачите.

Поранешниот играч на српската репрезентација и до неодамна спортски директор на Српската фудбалска федерација беше застрелан од непознати напаѓачи, кои се наоѓале во помал автомобил. Брзата помош брзо пристигнала на лице место и го пренела поранешниот напаѓач на Олимпијакос и репрезентацијата на Југославија во најблиската болница, пренесува Блиц.

Сè уште не се достапни информации за степенот на повредите.

Според грчка „Прототема“, Ковачевиќ, наводно, веднаш се фрлил на земја и се здобил со полесни повреди.

Според непотврдени информации, веројатно се работи за двајца напаѓачи, кои по нападот го запалиле возилото за да ги уништат трагите.

Возилото е пронајдено 700 метри од местото на настанот.

За време на неговата кариера, Ковачевиќ играше за Раднички Ниш, Пролетер од Зрењанин, Црвена звезда, Шефилд Венздеј, Реал Сосиедад, Јувентус, Лацио и Олимпијакос.

Тој ја заврши кариерата во клубот од Пиреја, а подоцна стана и спортски директор.

По смртта на Горан Буњевчевиќ, тој ја презеде улогата на спортски директор на ФСС, која ја имаше до јули 2019 година, кога поднесе оставка.

Во последно време се шпекулираше дека тој може да се врати во Олимпијакос како главен извидник.

Инаку, деновиве владее целосен хаос во грчкиот фудбал, откако неодамна се видени напади на судија, жестоко препукување на судиите, па така нападот на легендата на Олимпијакосдополнително ќе ги разгори тензиите во грчкиот фудбал, без оглед на непознатиот мотив за нападот на Ковачевиќ.

Поврзани вести

„Ноје цирхер цајтунг“: ЕУ и Западот значително изгубија доверба и можност за влијание врз Балканот

user4

Тачи за авиолинијата Белград-Приштина: Ти благодарам Трамп за твоето лидерство и улога

Никола Поповски

Милион евра донација од Беџет Пацоли за обновување на разурнатите објекти од земјотрсот во Албанија

Влатко Зорба

Истанбул се подготвува за молитвата во Аја Софија: Фреските покриени, на подот тепихот на Ердоган

Црногорец ликвидиран во Шпанија: Тесно поврзан со криминалниот клан на Алан Кожар (видео)

Никола Поповски

Инфицирани 20 лекари и 40 медицински сестри во Нови Пазар

Влатко Зорба