Регион

Во Хрватска 162 новозаразени со Ковид-19, починаа две лица

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 162 нови случаи на коронавирус, а две лица починале, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

1.062 случаи се активни. Меѓу пациентите, има 106 пациенти на болничко лекување, од кои 10 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се регистрирани 6.420 случаи на коронавирус, а починале 165 лица.

До денес, тестирани се вкупно 136.280 лица, од кои 1.538 во последните 24 часа.

Поврзани вести

Акција на грчката полиција во атинската населба Ексархија, уапсени најмалку шест лица

Влатко Зорба

Косовски медиуми: Макрон ќе организира самит Белград-Приштина на 17-ти јули во Париз

Хоти најави дека нема да присуствува на средбата во Белата куќа

Земјотрес од четири степени според Рихтер ја погоди Албанија

Никола Поповски

Италијанците со аплаузи ги пречекаа кубанските доктори (ВИДЕО)

Д-р Јанковиќ за короната во Србија: Нè чека сценарио како во Северна Македонија ако бидеме несериозни