Регион СВЕТ

Во Словенија, повеќе од 1.100 новоинфицирани со Ковид-19

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени нови 1113 случаи на инфекција со коронавирус, а седум лица починале како резултат на Ковид-19, соопшти денеска словенечката влада.

Бидејќи се проценува дека продолжува многу критичниот период на епидемијата, поради што Словенија е „затворена“ најмалку седум дена од саботата, од утре ќе биде воведена забрана за движење надвор од областа на матичните општини, пренесува агенцијата Хина.

Со новите инфекции, бројот на вкупно потврдени инфекции се зголеми на 24.063 од почетокот на епидемијата, од кои 15.230 се активни случаи, а 14-дневната инциденца на инфекцијата е зголемена на 727 на 100.000 жители, објави Министерството за здравство.

Бројот на пациенти во болниците сè уште расте, каде има 523 пациенти, од кои 82 се на оддели за интензивна нега, а со новите смртни случаи, вкупниот број се зголемил на 248.

„Ако е можно, останете дома, само така можеме да ја израмниме епидемиолошката крива“, рекол на прес-конференција Јелко Кацин, портпарол на владата за Ковид-19.

„Ситуацијата е тешка и ситуацијата се менува од час во час“, рекол Кацин, додавајќи дека Владата размислува за итни мерки за зголемување на капацитетот на болницата.

Поврзани вести

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Никола Поповски

Шпанија е прва земја во Западна Европа со милион заразени

Stefanija Kuzmanovska

Шибеник: Туристи од Тајван носеле натписи „Не сме од Кина“

Се урна покрив на спортски комплекс во Санкт Петербург (ВИДЕО)

СЗО: Без поголеми опуштања во мерките, вториот бран на пандемијата може да се појави

Научниците ја побија надежта на Трамп: Не значи дека вирусот ќе исчезне со топлото време