Регион

Вучиќ: Економијата ќе биде тема на разговор со Косово на 2 септември во Белата Куќа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека Србија не е во состојба да одбие какви било разговори кога станува збор за Косово. Тој ги коментираше најавените преговори во Белата куќа и рече дека разговарал со Ричард Гренел и дека тема на разговорот на 2 септември ќе биде економијата.

Тој додаде дека прашањето зошто Гренел го употребил терминот „преговори“ е прашање за американскиот дипломат.

– Тие рекоа пред некој ден дека ги поддржуваат преговорите под покровителство на ЕУ. Но, да не навлегувам во нивната врска. Премногу сме мали за да можеме да си го дозволиме тоа – рече Вучиќ.

– Американците веруваат дека тоа се (Србија и Косово) две независни држави и во тој поглед треба да ја разбереме тежината на нашата позиција – рече тој како гостин во утринската програма на ТВ Пинк.

Ист е случајот со повеќето земји од Европската унија.

– Германија е толку супериорна и доминантна во ЕУ, што тоа никогаш не било случај – вели Вучиќ, потенцирајќи дека преговорите се водат под покровителство на ЕУ и дека Германија е доминантна во тоа.

Тој исто така вели дека Албанците одат во Вашингтон за да се претстават како независна држава, иако Србија никогаш нема да ги третира на тој начин.

– Тоа го реков на Авдулах Хоти. Им реков малку да с еповлечат- истакна претседателот на Србија.

Поврзани вести

Уште еден припадник на УЧК оди во Хаг

Влатко Зорба

Руската црква објави: Прекинува дијалогот со поглаварот на грчката црква

Влатко Зорба

Турција купи ракетен одбранбен систем С-400 од Русија за да го користи

Аваз: ЕУ разгледува нов пристап за прием на државите од регионот, треба да бидат по модел на Норвешка

Влатко Зорба

Цените во Дубровник пониски и до 60 отсто од ланските

Влатко Зорба

За прекршување на законот за магаренцата на островот Санторини, казните ќе достигнат и до 30.000 евра

Maja_Serafimova