Регион

Вучиќ на годишнината од „Бура“: Не принудувајте нè да славиме убиства на Срби

Српскиот претседател Александар Вучиќ на централната државна комеморација на Србите кои загинаа во операцијата „Бура“ во Хрватска, изјави дека неговата земја е за помирување, но дека нема да трпи понижување.

„Ние нема да ја славиме трагедијата на српскиот народ, убиството на српските цивили, убиството на српските деца. Не се согласуваме на понижување. Помирување – да, понижување – не“, рече Вучиќ на мостот во Сремска Рача, каде симболично беше одбележана програма во сеќавање на настраданите во првите денови од август 1995 година.

„Не принудувајте нè да славиме со вас убиства на Срби, кажувајќи ни дека ова се големи чекори напред. Славете што сакате, радувајте се, и ние ќе тагуваме за сите оние кои со задоволство ги избркавте од нивните вековни огништа“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека „Србија никогаш повеќе нема да биде толку слаба“, за да можат многумина во регионот да се радуваат и да бидат задоволни од тоа.

На комеморацијата на мостот присуствуваше државниот врв на Србија, патријархот на српската православна црква Иринеј, претставници на Република Српска и Србите од Хрватска.

Поврзани вести

Кон: Белград е епидемиолошка бомба, одиме по работ

Колумбијката Соња објави емотивно видео со убиениот Стојановиќ

Никола Поповски

Трамп ја пофали Бугарија за трошењето во одбраната: Вие сте пример за Германија

Влатко Зорба

И Додик сака амбасада во Ерусалим: Република Српска ќе бара преместување на претставништвото на БиХ од Тел Авив

Никола Поповски

Вучиќ: Новинарите немаат никаква врска со моето здравје

Влатко Зорба

Грција: За 24 часа се регистрирани 43 инфицирани со коронавирус, од кои половина биле туристи од Србија