Регион

Вулин: Поминаа 5 години и ништо за нападот на Вучиќ во Сребреница

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, повторно ги критикуваше властите на Босна и Херцеговина, затоа што „никој во службите дури не се обидел да ги дознае имињата на нарачателите и сторителите на „обидот за убиство“ на тогашниот премиер Александар Вучиќ во Сребреница.

„Поминаа пет години од обидот за убиство на Александар Вучиќ во Сребреница. Никој не е уапсен или осуден. Ниту еден од бошњачките политичари не се извини или не покажа жалење, тие молчеа исто како што мирно го гледаа нападот на толпата Премиерот на Србија“, рече Вулин денес.

Тој, исто така, истакна дека Вучиќ „се однесувал храбро тој ден и не се повлекол“, и дека неговите домаќини „не покажале храброст, исто како што не покажале дека сакаат сторителите на обидот за атентат да бидат пронајдени“.

„Држава што не може да фрли светлина врз обидот за убиство на странски државник на нејзина територија, или не е држава или нејзината влада го поддржува нападот“, рече Вулин.

Поврзани вести

Двата убода во срце ја решаваат енигмата за српската докторка?

Дали на повидок е втор бран во Србија: 66 новозаразени, едно починато лице

Д-р Ана Глигиќ: Не е исклучено да се бориме со коронавирусот две или три години

Ердоган: Се враќаме во нормала после Рамазан

Обрадовиќ: Единствената тема на разговорите со претставниците на ЕП е одложување на датумот на изборите

Maja_Serafimova

Твитер реакции на полицискиот час: Србија два пати ќе ја победи короната

Влатко Зорба