Регион СВЕТ

За само една недела од сезонски грип во Грција починаа 15 лица

За само една недела од сезонски грип во Грција починаа 15 лица, со што бројот на регистрирани смртни случаи во последните три месеци се искачи на 53 луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.

Во неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје се наведува дека починатите се на возраст од четири до 91 година, а 50 лица односно 94,3 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

Во периодот од 3 до 9 февруари 2020, починале 15 лица, а исто толку смртни случаи имаше и една недела претходно.

Според извештајот од Националната организација за јавно здравје, за една недела 24 лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега од почетокот на октомври 2019 година се искачи на 169 лица.

Поврзани вести

Истражување: Коронавирусот во Словенија не е раширен меѓу граѓаните како што се претпоставуваше

Во Белгија за само 24 часа починаа 16 лица од коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Ведрана Рудан: Дали е подобро да останеме живи и без работа или да умреме од коронавирус?

Мицотакис: Мигрантското прашање е европска тема

user4

Европската комисија постигна договор за купување на 300 милиони дози вакцини

Тачи: Нема размена на територии, на Косово да му се придружат Прешево, Медвеџа и Бујановац

Влатко Зорба