Регион

За време на протестите во Белград: Полицаец пали контејнер (ВИДЕО)

Еден од членовите на жандармеријата, за време на протестот претходната вечер, запали контејнер како хулиган, од кои инаку би требало да ги штити граѓаните, а со тоа потврди дека има многу полицајци кои не се достојни за униформи, пишува Нова.рс.

„Ова го потврдува и видео, каде може да се види како во колона полицајци, еден од нив, како хулиган, пали контејнер пред другите колеги. Оваа несоодветна акција на припадниците на Министерството за внатрешни работи покажува дека меѓу оние што го обезбедуваат собирот, има и лица чие однесување не е далеку од тоа на лицата од кои истите полицајци би морале да нè штитат“, коментираат од медиумот.

Во Белград се одржуваат протести веќе две ноќи по ред, поради незадоволството на некои граѓани од начинот на кој владата се бори против епидемијата на коронавирус.

Министерството за внатрешни работи пак објави дека тврдењата дека член на жандармеријата запалил контејнер за време на вчерашниот протест се апсолутно неточни.

„Станува збор за друга во низа глупости и лаги што се шират, како што се претходно пласираните, дека полицијата тргнала од Баново Брдо со водени топови и користела гумени куршуми“, велат од МВР на Србија.

Поврзани вести

Коронавирус: Во ризик бремените жени со придружни болести

Помошник министер за транспорт на БиХ на онлајн седница по „синдикалка“, подоцна и огладне

Влатко Зорба

Половина хотели во Црна Гора затворени поради епидемијата

Влатко Зорба

Граѓани кон новинарката на РТС: Сакаме Џеки Чен (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Пронајдени делови од метеоритот кој експлодира на словенечко-хрватската граница

Курти: Подготвен сум да ги слушнам барањата на Србите, но не и апетитот на Белград за територии

Влатко Зорба