Регион СВЕТ

Заразена од коронавирус плаќала сметки во пошта во Загреб

Жена заразена од коронавирус утрово влегла во пошта во Загреб, а откако ги платила сметките ги информирала присутните дека е заразена и дека треба се да дезинфицираат.

Поштата е затворена и веднаш е повикан епидемиолог.

Шефот на Цивилната заштита на Нов Загреб, Валентин Рајковиќ за ХРТ изјви дека жената требало да биде во самоизолација.

– Утрово таа дошла да ги плати сметките и кога завршила кажала дека е заразена од коронавирус и дека сè треба да се дезинфицира“, рече Рајковиќ.

Тој додаде дека сите кои во тој момент биле во поштата треба да се изолираат и ги замоли заразените да останат дома.

Поврзани вести

Повторно илјаници демонстранти на улиците на Хонг Конг

Maja_Serafimova

Русија сака енергетски да биде присутна во Република Српска

Влатко Зорба

Уште 89 лица починаа во Кина од коронавирусот, вкупната бројка на починати сега изнесува 811

Александар Петровски

Паника во Лос Анџелес: Редици за да се купи оружје (видео)

Српскиот пулмолог кого го нарекоа Стенд-ап короничар објаснува: Свесно реков дека тоа е најсмешниот вирус во историјата

Како Макрон и Трудо го озборуваа Трамп (ВИДЕО)